Дома Фудбал Останато Роналдо: Ако тогаш постигнев гол може ќе ме бараа 100 клуба, вака беа само 50

Роналдо: Ако тогаш постигнев гол може ќе ме бараа 100 клуба, вака беа само 50

Напаѓачот на Јувентус Кристиано Роналдо се потсети на пријателскиот натпревар против Манчестер Јунајтед кој во 2003 година беше одигран во Лисабон.

Португалскиот репрезентативец смета дека натпреварот против тимот кој го предводеше Сер Алекс Фергусон бил еден од најважните во неговата кариера бидејќи знаел дека го гледаат претставници на многу клубови.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Тоа беше прв натпревар на новиот стадион на Спортинг и добро се сеќавам, исто како да беше денес. Бев среќен. Сакав да играм против еден од најдобрите тимови во светот. На пријателите од академијата им кажав дека ќе играм против Манчестер и дека сум малко нервозен. Нервозата е составен дел кога учествувате во такви натпревари. Секогаш сум нервозен бидејќи сакам да играм добро и да дадам се од себе за својот тим“.

https://youtu.be/jfzap6flcC4

„Бев мотивиран и среќен. Знаев дека ако одиграм добро ќе привлечам уште поголемо внимание. Не само од Јунајтед, туку и од други клубови, бидејќи знаев дека ме следат. Во тоа време бев дриблер, не бев така директен кон голот како во последните години. Бев талентиран дриблер, но со време тоа се промени и мислам дека станав подобар играч“, изјави Роналдо.

Роналдо самиот податок дека игра против Јунајтед му беше доволно да се покаже на големата сцена, а интерес не недостасувал.

„Искрено постигнување на гол не ми беше толку важно. Доколку постигнев гол можеби ќе се интересираа 100 екипи. Бидејќи не постигнав гол се појавија „само“ 50 клубови“, откри Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Англичаните укинаа едно правило и ги израдуваа сите клубови

ФА Купот е натпреварувањето со најдолга традиција во Англија. Ова натпреварување се игра в…