Дома Фудбал Останато Роналдо: Ако не станев фудбалер, ќе се обидев да бидам актер

Роналдо: Ако не станев фудбалер, ќе се обидев да бидам актер

Португалецот Кристиано Роналдо минатата сезона премина од Реал Мадрид во Јувентус и веднаш се наметна како најдобар играч и најголема ѕвезда во тимот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На 34 години Роналдо изгледа како да има барем десетина помалку, а во разговор за „Soccer.com“ oдговори на неколку интересни прашања.

Кој му е најомилен гол?

„Тешко е да се издвои само еден. Ќе одговорам на полесниот начин – ќе го издвојам последниот. Знам дека не беше најубав, но секогаш оној гол кој последен ќе го постигнеш е најважен“.

Со кого би играл од големите играчи во минатото?

„Има многу играчи со кои би сакал да играл. Но ќе го издвојам Еусебио. Тој почина пред неколку години“.

Доколку не е фудбалер со што би се занимавал?

„Би бил актер или модел. Не знам. Би се обидел, но можеби актер. Не знам дали имам талент за тоа, но ако се посветиш на нешто доволно и работиш на тоа, тогаш ќе успееш“.

На крајот откри кој му омилен филм?

„Имам многу омилени филмови, но повеќе сум човек за документарци…„Кога јагнињата ќе замолчат“, тој е мојот омилен филм. Станува збор за постар филм, сакам драми“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нејмар ќе пропушти повеќе од еден меч на СП!

Бразилската репрезентација доби лоши вести пред продолжението на Светското првенство, биде…