Дома Фудбал Роналдињо: Што ќе менува ПСЖ? Ќе ги доведе најлошите играчи?

Роналдињо: Што ќе менува ПСЖ? Ќе ги доведе најлошите играчи?

Иако ПСЖ ја освои титулата во домашното првенство сезоната во Париз се смета за неуспешна поради големите амбиции кои ги имаше тимот во Европа. И покрај големите имиња во составот ПСЖ повторно ги разочара своите навивачите со настапот во Лигата на шампионите.

После ваквата сезона беа најавени големи промени во Париз, но легендарниот Бразилец Роналдињо сместа дека на ПСЖ не му се потребни толку големи промени.

„Сакаат големи промени? Што би менувале? Ќе ги доведат најлошите играчи во светот? Мораш да чекаш играчите да го сфатат новиот начин на живот и играњето фудбал. Останатото ќе дојде малку по малку. Мора да има процес на адаптација“.

Посебно зборуваше за неговиот сонародник Нејмар.

„Нејмар е еден од најдобрите играчи во светот. Оваа година имаше неколку повреди. Кога е 100% спремен тој е посебен играч. Нејмар, Ди Марија, Меси…Најдобрите играчи се заедно. Ако не сте задоволни од нив со кого ќе бидете?“, се запраша Роналдињо.

Роналдињо исто така додаде дека очекува Мбапе да стане најдобар играч во светот без разлика каде ќе игра во иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конфликтите го поместија Азискиот куп: турнирот ќе се игра на крајот на 2027 година

Саудиска Арабија ќе го организира Азискиот куп од 23 декември 2027 до 21 јануари 2028 годи…