Арсенал засега игра очајна сезона во Премиер лигата. Светла точка на тимот од „Емирати“ е младиот Габриел Мартинели кој постигнува гол кога и да добие шанса.
18 годишникот кој во Арсенал дојде минатото лето од бразилскиот Итуано за нешто повеќе од шест милиони евра оваа сезона веќе собра 10 голови во дресот на Арсенал и постигнува гол на секои 112 минути.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За младиот фудбалер сега зборуваше легендата на бразилскиот фудбал, Роналдињо.
Роналдињо го спореди Мартинели со големиот Роналдо, бразилскиот.
„Бразилците се многу возбудени поради него и неговата иднина. Една работа е да имате талент, но потоа друга да имате самодоверба на 18 години“, изјави Роналдињо и продолжи:
„Ме потсетува на Роналдо тој во првата сезона во Европа постигна 30 голови и сите се прашуваа: Кое е ова момче од 18 години од Бразил? Ја сакаше топката, одеше на играчите и немаше страв. Таков сличен став гледам и кај Мартинели“, смета Роналдињо.