Дома Фудбал Роналдињо и неговиот брат додека го чекаат судењето добија лоши вести

Роналдињо и неговиот брат додека го чекаат судењето добија лоши вести

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо и неговиот брат беа уапсени откако пред скоро три месеци со лажни пасоши влегоа во Парагвај.

Полицијата тогаш уште на аеродромот добила информации дека нешто со нивните пасоши не е во ред. Но, не сакаа да прават сцена на аеродромот, па почекале Роналдињо и неговиот брат да отидат во хотел каде што беа уапсени.

Тие скоро два месеци поминаа во притвор во Асунсион, а во овој момент се наоѓаат во куќен притвор во Парагвај. Роналдињо и Роберто немаат дозвола да ја напуштат оваа држава и го чекаат судењето за да ја дознаат својата казна.

Претходно тие ја негираа вината и порачаа дека не знаеле дека пасошите се лажни, меѓутоа во тоа тешко може да се поверува. Полицијата го уапси и Вилмондес Соуса Лира кој ги фалсификувал споменатите пасоши.

Соуса Лира вчера се појави на суд и доби затворска казна од 18 месеци и таа ќе ја служи во Асунсион. Се уште не се знае што ќе биде со Роналдињо и неговиот брат, но очекувањата се да добијат затворска казна од шест месеци.  

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од „промашување“ до легенда: Денот кога Модриќ првпат погоди за Реал

На 3 ноември 2012 година Лука Модриќ го постигна првиот гол за Реал Мадрид. Тоа беше почет…