Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо најдобрите денови од својата кариера ги помина во дресот на Барселона за која потпиша летото 2003. година.
Познато е дека Роналдињо тоа лето на маса имаше некои интересни понуди, и беше многу блиску да оди во Манчестер Јунајтед. Тој имал желба да стане првиот бразилски играч кој играл за Црвените Ѓаволи, но во последен момент ја избрал Барселона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Роналдињо го направи вистинскиот потег со неговото доаѓање во Барса, каде играше пет години и освои се што можеше. На Олд Трафорд, жалат што не биле повеќе упорни кога станува збор за Роналдињо, но тогаш за нив беше “интересен” Денилсон, кој се покажа како голем неуспех.
“Јас речиси потпишав за Манчестер Јунајтед, бидејќи ПСЖ веќе ја прифати понудата. Сето тоа се случи во рок од 48 часа, но нешто пред тоа Жоан Лапорта ми рече дека сака да дојдам ако стане претседател на Барселона. Му реков дека тоа ќе го направам.” – рече Роналдињо и додаде:
“Повик немаше, а јас преговарав со Јунајтед. Останаа само неколку ситници во врска со договорот, а потоа телефонот заѕвони и тоа беше Лапорта. Тој победи на изборите и стана претседател, а јас веќе претходно му ветив дека ќе дојдам ако тоа се случи. Се договоривме за 20 минути и им кажав на Јунајтед дека ја избрав Барса. За мене тоа беше вистински потег.“