Дома Фудбал Роналдињо за навивачите на ПСЖ: Ако го навредуваат Меси, на кого ќе му аплаудираат?

Роналдињо за навивачите на ПСЖ: Ако го навредуваат Меси, на кого ќе му аплаудираат?

На Лионел Меси не му оди во Париз, Аргентинецот игра под очекувањата откако на лето бесплатно пристигна во ПСЖ, се шпекулира дури и за негово заминување после само една сезона.

Навивачите на ПСЖ не се задоволни, а тоа јасно го покажаа и во натпреварот против Бордо во француското првенство со свирежите упатени за Меси. Во одбрана на Меси застана неговиот поранешен соиграч од Барселона и добар пријател, Роналдињо.

„На Меси му е навистина тешко, дојде од клуб кој секогаш игра ист фудбал, за него во ПСЖ се е различно. Потребно му е време, мора да помине период на адаптација, тоа е нешто сосема нормално“, изјави Роналдињо кој со Меси играше од 2004 до 2008 година.

„Не ги разбирам навивачите кои му свиреа. Ако го навредуваш најдобриот во светот, на кого тогаш ќе му аплаудираш?! Никако не можам да ги разберам“, истакна Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конфликтите го поместија Азискиот куп: турнирот ќе се игра на крајот на 2027 година

Саудиска Арабија ќе го организира Азискиот куп од 23 декември 2027 до 21 јануари 2028 годи…