Бразилскиот „волшебник“ Роналдињо соопшти дека заминува во пензија, а многумина негови колеги се сложуваат дека тој е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
„Роналдињо беше поталентиран од Меси и Роналдо. Тој беше прирорден талент. Само требаше да му ја додадете топката, а тој секогаш пронаоѓаше решение“, вака во 2016 година зборуваше неговиот поранешен соиграч Деко.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сите се чудевме како е можно толку талент да има во само едно тело“, зборува Кевин Принс Боатенг, додека Еидур Гудијонсен смета дека Роналдињо ги рушеше заканите на физиката.
„Кога играте со него и гледате што се прави со топката, ништо вас не може да ве изненади“.
Поради одличите потези му се поколони и Сантиаго Бернабеу.
„Никогаш нема тоа да го заборавам бидејќи навистина е реткост така да ве испрати публиката на најголемиот ривал“, изјави тогаш Роналдињо.
Роналдињо триумфираше на Светското првенство, Копа Америка, Копа Либертадорес и Лигата на шампионите. Тој жали само за едно.
„Би сакал да имав повеќе време да играм со Меси, среќен сум што можев да му помогнам на почетоците во неговата кариера и што бев асистент на неговиот прв гол“, зборуваше Роналдињо на кого му се поклони и големиот ривал Икер Касиљас.
„Поради тебе многу патев, но како љубител на фудбалот морам да признаам дека уживав гледајќи те тебе“, му порача Касиљас.