Дома Фудбал Останато Роналдињо ги крие парите од банките во Бразил, судот му го одзема пасошот

Роналдињо ги крие парите од банките во Бразил, судот му го одзема пасошот

Легендарниот бразилски фудбалер, Роналдињо поминува низ навистина турбулентен животен период.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Шпанската „Марка“ пишува дека бразилскиот суд издал наредба да се одземе пасошот на Роналдињо поради неплатени долгови во износ од два милиони евра.

Роналдињо и неговиот брат биле казнети поради илегално градење на забрането подрачје, но запленувањето на нивниот имот не било доволно за да подмират долговите кои во текот на четиригодишниот судски процес се зголемиле поради каматата.

Интересно е што во обидот на банките да го наплатат долгот на Роналдињо на неговата сметка се пронајдени само шест евра.

Пасошот на Роналдињо му е привремено одземен, а се очекува долговите да бидат подмирени откако „Најк“ ќе му уплати голема сума на пари која Бразилецот ќе ја заработи од продажбата на патики на овој бренд со неговото име.

Легендарниот фудбалер на 17-ти ноември треба да настапи во ревијален натпревар во Франкфурт, а останува да се види како ќе го изведе тоа без пасош.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Култната „Ла Бомбонера“ повеќе нема да биде иста: Се гради чудо од стадион! (Видео)

Специфичниот изглед на култниот стадион „Ла Бомбонера“ во Буенос Аирес е нешто што нема ни…