Џеко беше блиску до трансфер во редовите на Јувентус, дури изгледаше дека се е завршено и ќе потпише договор со клубот од Торино. Сепак, на крај тој остана „Олимпико“ затоа што управата на Рома не пронајде адекватна замена за него.
Неговиот договор со Рома има важност до 2022 година, но италијанските медиуми пишуваат дека клубот сака да му го продолжи на уште една или две сезони. Но, во новиот договор би имало посебен услов..
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, во Рома сакаат да ја намалат платат на Џеко кој е далеку најплатен во клубот со 7.5 милиони евра по сезона. „Кориере дело Спорт“ не открива за колку Рома би ја намалила платата на Џеко, но потенцира дека тоа мора да се случи ако сака да остане поради финансиска криза.
Во случај Џеко да се согласи и да го продолжи договорот тогаш веројатно ќе ја заврши кариерата во Рома.