Дома Фудбал Италија Рома се закани со тужба за Малком и Бордо

Рома се закани со тужба за Малком и Бордо

Изминатите два дена го видовме еден од најлудите пресврти на трансфер пазарот, кој само ни потврди дека ништо не е невозможно кога се трансферите во прашање.

Имено, Рома постигна договор со Бордо за трансфер на Малоком, договорот јавно го потврдија двата клуба и се беше подготвено за промоција на играчот, но на крајот се случи голем пресврт.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона во последен момент испрати понуда, па Малком наместо во Рим одлета за Каталонија и вчера официјално го комплетираше трансферот во Барса.

Спортскиот директор на „волчицата“, Мончи ги објасни деталите и најави тужба за Бордо и агентите на фудбалерот.

„Она што се случи со Малком е лесно за објаснување, но тешко да се разбере. Започнавме преговори со Бордо и играчот преку неговиот агент пред една недела. После три или четири дена интензивни преговои, во пет часот попладне во понеделникот пронајдовме заеднички јазик, постигнавме договор со агентот, со играчот и со Бордо. Се беше договоренот и имавме зелено светл играчот да пристигне во Рим на медицински прегледи“.

„Се беше завршено, но некако, еден час по објавата, почнаа да течат информации за нов интерес од Барселона. Кога ми се јави еден од претставниците на играчот за да ми каже дека Бордо ја повлекла дозволата за лет на играчот, бев многу изненаден. Му се јавив на претседателот Марти и тој ми кажа дека има подобра понуда од нашата, онаа од Барселона. Јас во договор со претседателот испратив нов понуда, подобра од таа на Барса, но потоа Каталонците повторно ја поткренаа понудата и ние се откажавме. Сега во клубот гледаме кои се опциите за тужба. Вистина е дека не се потпиша ништо, но има многу докази и пораки со агентите кои укажуваат на тоа дека се е договорено“, објасни детално Мончи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…