Дома Фудбал Рома сака да го донесе Елнени

Рома сака да го донесе Елнени

Играчот на Арсенал, Мохамед Елнени наводно е желба на Рома.

Египетскиот фудбалер не е во плановите на тренерот Емери во оваа сезона, па се повеќе се шпекулира дека би можел да го напушти клубот.

Италијански Тутомеркато пренесува дека римската Волчица се интересира за неговите услуги. Рома наводно сака да го донесе на позајмица до крајот на оваа сезона со можност за откуп на договорот.

Така италијанската екипа сака да го реши проблемот со повредите кои ги имаат Де Роси и Нзонзи.

Инаку, Елнени во Арсенал стигна во јануари 2016. година од Базел за 12.5 милиони евра, а оваа сезона одигра само осум натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хасукиќ двоен стрелец во Битола: Силекс останува во трката за нов куп-трофеј

Силекс го елиминира Пелистер со 3:0, со три погодоци пред паузата. Бранителот на трофејот …