Дома Трансфер зона Рома призна: Моравме да го продадеме Салах, но можеше поскапо!

Рома призна: Моравме да го продадеме Салах, но можеше поскапо!

Спортскиот директор на Рома, Мончи призна дека римскиот клуб можел повеќе да заработи од трансферот на Салах во Ливерпул.

„Волчицата“ минатото лето постигна договор со Ливерпул за трансфер на Салах вреден 42 милиони евра, кој со додатни бонуси може да достигне до 50 милиони евра.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Мончи призна дека „волчицата“ морала да го продаде фудбалерот, но смета дека можеле да добијат подобра цена.

„Ние моравме да го продадеме во тој момент и тоа беше важна опција, но сметам дека цената на Мо Салах можеше да биде уште поголема. Кога почнав да ја извршувам мојата функција во Рома, Ливерпул веќе имаше испратено понуда од 32 милиони евра плус три милиони евра во бонуси. На крајот остваривме компромис за вкупна вредност од 50 милиони евра, што тогаш претставуваше добра зделка за нас“, изјави Мончи.

„Но, трансферите на Нејмар и Мбапе ги поместија границите на фудбалскиот пазар, па затоа сметам дека можевме да заработиме повеќе доколку трансферoт на Салах се случеше по рекордните трансфери на ПСЖ“, истакна директорот на Рома, Мончи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус ја одреди цената за Влаховиќ, Арсенал спремен да ја плати

Арсенал е во потрага по врвен напаѓач, а најголема желба на тренерот Артета е ѕвездата на …