Дома Фудбал Италија Рома очекувано убедлива на гостувањето кај Палермо – комплет резултати од Серија А

Рома очекувано убедлива на гостувањето кај Палермо – комплет резултати од Серија А

Фудбалерите на Рома постигнаа очекувана победа синоќа на Сицилија на гостувањето кај Палермо со 3:0.

Стефан Ел Шарави во 22.минута го постигна првиот гол, Един Џеко во 76.минута зголеми на 2:0, а конечниот резултат го постигна Бруно Перез во судиското надополнување.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Капитен на Палермо на овој дуел за првпат беше македонскиот репрезентативец Илија Несторовски кој постигна гол во 5.минута, но беше поништен поради офсајд.

Резултати на другите натпревари од 28.коло во Серија А:
Интер – Аталанта 7:1,
Сасуоло – Болоња 0:1,
Киево – Емполи 4:0,
Фиорентина – Каљари 1:0,
Наполи – Кротоне 3:0,
Пескара – Удинезе 1:3,
Џенова – Сампдорија 0:1 и
Јувентус – Милан 2:1.

Вечерва на програмата е последниот дуел од оваа рунда меѓу Лацио и Торино.

Табела: Јувентус 70 бодови, Рома 62, Наполи 60, Интер 54, Лацио 53, Аталанта 52, Милан 50

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…