Eрлинг Халанд сезонава е вистинска сензација во европскиот фудбал, вкупно за Салзбург и Борусија Дортмунд на 29 натпревари постигна 39 гола.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Последните два гола Халанд ги постигна во осминафиналето во Лигата на шампионите и сега стигна до бројката од 10 во ова натпреварување. Заедно со Левандовски тој е најдобар стрелец во најелитното европско натпреварување.
Спортскиот директор на Рома Себино Нела откри дека Рома можела да го купи Халанд пред две години за четири милиони евра, меѓутоа „волчицата“ го одбила.
„Рома можеше да го купи Халанд пред две години за четири милиони евра. Му беше понуден на Мончи од поранешниот играч на Рома, меѓутоа клубот го одби и тој направи трансфер во Салзбург“, изјави Себино Нела.