Дома Трансфер зона Рома го создава поранешениот бековски тандем на лутиот ривал и тоа со засилување од Јувентус?

Рома го создава поранешениот бековски тандем на лутиот ривал и тоа со засилување од Јувентус?

Според, „Кориере Дело Спорт“ екипата на Рома во јануарскиот преоден рок ќе се обиде да го доведе фудбалерот на Јувентус.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Станува збор за Стефан Лихштајнер. Интересно е што доколку Рома успее да го убеди Лихштајнер во својот тим би имале два бека кои минатата деценија го носеа дресот на лутиот ривал Лацио со оглед на тоа дека Лихштајнер и Коларов неколку сезони заедно ги бранеа боите на Лацио.

Рома има проблем со бековските позиции, се обиде со Бруно Перес кој на крајот се покажа како промашување, Бразилецот не ја оправда сумата од 12.5 милиони евра.

Лихштајнер има договор со Јувентус уште шест месеци и токму тоа би можела да биде препреката за трансфер во јануари. Имено, Јувентус сигурно не би сакал да засилува еден од главните конкуренти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…