Дома Трансфер зона Рома во потрага по тренер, кинезите атакуваат на Џеко!

Рома во потрага по тренер, кинезите атакуваат на Џеко!

Тренерот на Рома, Лучијано Спалети, најави заминување од клубот на крајот на оваа сезона.

Неколку имиња се споменуваат како наследници на Спалети, а спортскито директор на Рома има една мета, тоа е тренерот на ПСЖ, Унаи Емери. И покрај скромната сезона со ПСЖ, сопствениците на францускиот гигант не сакаат лесно да се откажат од услугите на Емери.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Да потсетиме, Мончи и Емери соработуваа во Севиља и успеаа да стигнат до три трофеи во Лигата на Европа, токму поради тоа Мончи силно го сака Емери на клупата на „Волчицата“.

Истовремено, Шу Јухуи, претседателот на Тиањин Куањана, најави бомбастично засилување во нападот, а помеѓу имињиата кои се споменуваат тука е и голгетерот на Рома, Един Џеко.

„Во суштина одлучивме кој играч сакаме да го доведеме и направивме вербален договор со него и клубот. Сеуште ништо не сме потпишале и не сакам да го откривам неговото име“, изјави Јухуи.

Тимот на Тиањин е предводен од Фабио Канаваро, а во тимот се уште Алесандре Пато и Аксел Витсел кој е најскапото засилување во историјата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…