Дома Фудбал Италија Рома во Лига шампиони заработи 99,2 милиони евра

Рома во Лига шампиони заработи 99,2 милиони евра

Рома пред два дена ја заврши една од најубавите бајки во историјата на клубот.

Фудбалерите кои од клупата ги предводи Еусебио Ди Франческо беа елиминирани во полуфиналето иако го победија Ливерпул во реваншот со 4:2. Нормално, играчите и стручниот штаб беа разочарани бидејќи силно посакуаа да се пласираат во големото финале и да го повторат најголемиот успех во историјата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак, кога главите ќе се оладат веројатно нема да бидам многу тажни бидејќи заработија огромни средства оваа сезона од ЛШ. Волчицата од УЕФА од бонусите и продажбата на дресовите заработи околу 81 милион евра, а кога додадеме 18.2 милиони евра од продажбата на влезниците за натпреварите на домашен терен, тогаш доаѓаме до цифра од 99,2 заработени милиони.

Интересно, Рома на овој начин го тргна Јувентус од тронот кој во сезоната 2012/13 беше италијански клуб со најголема заработка во ЛШ. Старата дама во текот на таа сезона заработи 91.8 милиони евра од најелитното фудбалско натпреварување.

Сигурно овие пари Рома значајно ќе ја помогне за стабилизација на клубот бидејќи нема да биде принудена да ги продава најдобрите фудбалери поради финансискиот фер-плеј.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…