Дома Фудбал Англија Роман сега одврзи го кесето: Конте стигнува на преговори!

Роман сега одврзи го кесето: Конте стигнува на преговори!

Италијанецот спремен да разговор за новиот договор и плановите за летото.

Челзи ја освои титулата, но веќе следните денови се работи во полна пареа во редовите на италијанскиот шампион. Имено, се припрема теренот за почетокот на преговорите кои би можеле да го одредат патот на Челзи во иднина. Секако, се работи за разговорот помеѓу Роман Абрамович и Антонио Конте за новиот договор.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Навивачите на Челзи веќе го кажаа своето. Конте им стана нов миленик на „Стенфорд Бриџ“ и тоа е кристално јасно.

Абрамович е спремен на Италијанецот да му ги подигне примањата од актуелните 7.7 милиони евра по сезона на 10 или 11 милиони евра. Но, Интер неодамна понуди 12, но потоа ја подигна понудата на 15 милиони евра.

Како што недели наназад се пишуваше низ островските медиуми, Абрамович спремил и околу 150 милиони евра за засилувања, но се очекува да настане проблем околу тоа кој ќе го има главниот збор во преодниот рок.

Минатото лето потезите наизменично ги повлекуваа Конте и Абрамович со своите најблиски соработници. Така, на пример на „Стенфорд Бриџ“ е вратен Давид Луиз, доведен беше и Батшуаи, иако ниту едниот, ниту другиот не беа во плановите на Конте.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо се враќа во Европа!? Позната и следната дестинација

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, моментално настапува за …