Дома Трансфер зона Романо и Ди Марцио едногласни: Челзи во фотофиниш тргнува по засилување од Јувентус!

Романо и Ди Марцио едногласни: Челзи во фотофиниш тргнува по засилување од Јувентус!

Toмас Тухел по секоја цена сака уште еден последен играч за врска, а веќе е јасно дека тоа нема да биде ниту Френки Де Јонг, ниту Едисон Алварез.

Ајакс и дефинитивно ја одбил понудата на Челзи иако самиот играч инсистираше на трансфер. Меѓутоа двајцата најпознати новинари за трансфери во Италија тврдат дека Челзи има „џокер“ во последните моменти од преодниот рок.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Јувентус го доведе Паредес, тука се уште Локатели, Рабио, Мекени, Мирети, се чека враќање на Погба, па не е исклучено Денес Закарија да добие зелено светло за заминување. Токму Закарија е новата мета на „сините“.

Закарија во Јувентус пристигна во текот на зимскиот преоден рок, но не ги исполни очекувањата во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…