Дома Фудбал Родри: Атлетико го има најдобриот тим во Примера

Родри: Атлетико го има најдобриот тим во Примера

Атлетико Мадрид денес и официјално го претстави новото засилување, играчот за врска Родриго Ернандес – Родри.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


22-годишниот играч за врска последните три години играше во Виљареал, а „јорганџиите“ за неговиот потпис платија 20 милиони евра плус 5 милиони како бонуси.

„Секогаш сонував да се вратам да играм за Атлетико. Би сакал да успеам да освојувам трофеи, за тоа сум тука“, изјави Родри, кој потекнува од школата на Атлетико.

„Мислам дека Атлетико ќе се бори за секоја титула. Ние сме меѓу петте или шесте најдобри тимови во Европа и според мене го имаме најсилниот тим во Примера“, заклучи Родри.

Родри треба да биде замена за Габи Фернандес и ќе го носи токму неговиот број, дресот со број 14.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Хулк на 40 години има нов клуб!

Бразилската фудбалска икона, Хулк, го продолжи договорот без планови за пензионирање, и по…