Родриго разговарал со пријателот и соиграч од Реал Мадрид, Винисиус Жуниор и му кажал дека сака да остане во шпанскиот гигант без разлика на тоа дали ќе дојде Килијан Мбапе.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Многумина сметаат дека Родриго ќе биде „жртва“ по доаѓањето на Мбапе, но бразилскиот фудбалер вели дека може да се избори за место во тимот.
„Сакам да останам и да се борам за место со Мбапе и Ендрик. Ако бидам најдобар, Анчелоти нема да има избор. Немам намера да заминам, тоа не е решение“, кажал Родриго.
Шпанските медиуми шпекулираат дека Родриго ќе се пресели во Премир лигата за 120 милиони евра.