Дома Фудбал Англија Родригез: Сакав да останам во Евертон, но дојде тренер кој не ме сакаше

Родригез: Сакав да останам во Евертон, но дојде тренер кој не ме сакаше

Во 2020 година Евертон во своите редови го доведе Хамес Родригез како големо засилување.

Стартот на Колумбиецот беше одличен во редовите на „карамелите“, но потоа следуваше пад во формата. Откако Карло Анчелоти си замина од Евертон, Родригез и го изгуби местото во стартниот тим, Бенитез не сметаше на него.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Во таква ситуација Родригез беше принуден да побара нов клуб, па кариерата ја продолжи во редовите на Ал Рајан. Сега тој порача дека сакал да остане подолго во Евертон.

„Евертон е еден спектакуларен клуб, сакав да останам подолго, но дојде тренер кој не сметаше на мене. Тренерот не сакаше да бидам дел од тимот па немав друга опција освен да си заминам“, изјави Родригез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…