Приказната е завршена!
Според последните информации кои пристигнуваат од Италија, Маурицио Сари го известил стручниот штаб но и семејството дека преговорите со Челзи пропаднале.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сините“ не сакале да ја платат клазулата, таа истече на 1 јуни и сега Сари едноставно не може да се ослободи од обврската. Бидејќи е сменет, но задржан на платениот список.
Звучи како робовски однос, што во суштина и е, но законот е таков и Наполи ништо официјално не променил, само ангажирал нов тренер бидејќи Сари не одговорил на нивната понуда.
Тој сега не може да го напушти клубот додека е под дговор, може да седи и да добива плата или да биде распореден на некое друго работно место во клубот.
Сари наводно понудил оставка, но Наполи не прифатил. Сега не постои клазула и се зависи од Де Лаурентис, претседателот на Наполи.
Како што сега стојат работите Сари најверојатно ќе мора да го испочитува договорот дури и тоа да значи да не прави ништо! Челзи се откажа, сега имаат други мети, пред се Лоран Блан.
Иначе одуката за новиот тренер ќе биде донесена следната недела кога Марина Грановскаја ќе се врати од одмор, а Конте и понатаму чека да биде отпуштен, да ја собере оштетата од 12 милиони евра колку што му следи во последната година и да замине некаде на друго место.