Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Роберто Мартинез: Патникот во финалето беше одлучен на среќа, а не на знаење

Роберто Мартинез: Патникот во финалето беше одлучен на среќа, а не на знаење

Репрезентацијата на Белгија не успеа да се пласира во финалето на Светското првенство откако вечерва беа поразени од Франција во полуфиналето со 1:0.

Белгија во четвртфиналето успеа да го елиминира Бразил, но вечерва Франција беше таа која се радуваше. Натпреварот го одлучи, Самуел Умтити кој на почетокот на натпреварот го постигна единствениот гол на натпреварот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


После натпреварот селекторот на Белгија, Роберто Мартинез изјави дека нема што да им замери на своите фудбалери кои според него одиграле добар натпревар и ова полуфинале го одлучил само еден детал.

„Ова беше изедначен натпревар и се знаеше дека ќе одлучуваат детали. Тие имаа среќа во тој момент пред нашиот гол и тоа одлучи се, само среќата го одлучи патникот во финалето, а не знаењето. Однесувањето на моите играчи беше одлично, немам што да им замерам“, изјави Мартинез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Познато кој клуб ќе го води Анчелоти после Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, кој има договор со „кралевите“ до летото 2026 год…