Дома Фудбал Робен се понуди на клуб од Серија А

Робен се понуди на клуб од Серија А

Холандскиот крилен фудбалер Арјен Робен би можел од следната сезона да биде член на италијански клуб.

Робен на крајот од овој месец станува слободен играч откако му истекува договорот со Баерн и познато е дека Холанѓанецот ќе го напушти Минхен, но се уште не е познат новиот тим.

Поранешниот играч на ПСВ, Челси и Реал Мадрид наводно сака да игра во Серија А, и според некои медиуми тој му се понудил на Лацио.

Калчомеркато пишува дека претставници на Робен го контактирале Лацио и порачале дека играчот е спремен да дојде во Рим.

Робен оваа сезона запиша 19 настапи и постигна шест погодоци. Со Баерн ја освои двојната круна за крај на богатата кариера во Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лидс и Њукасл го следат Рудони: Три гола го ставија во трансфер-фокусот

Џек Рудони привлече внимание со настапите за Ковентри, а покрај Лидс и Њукасл, неговиот на…