Дома Фудбал Останато Робен не потпишал за Манчестер Јунајтед поради мирисот во тренинг кампот!?

Робен не потпишал за Манчестер Јунајтед поради мирисот во тренинг кампот!?

Иако многумина сметаа дека може да одигра уште некоја сезона, Арјен Робен по завршувањето на минатата сезона одлучи да ја заврши својата богата фудбалска кариера.

Робен се пензионираше после поминатата деценија во дресот на Баерн, клуб каде што остави и најголема трага, но не треба да се заборават и неговите настапи во Челзи и Реал Мадрид. Робен кариерата ја започна во татковината во Гронинген, а пред да потпише за Челзи две сезони го носеше дресот на ПСВ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Место во Челзи, Робен можел многу лесно да заврши во Манчестер Јунајтед. Тоа го потврди Рио Фердинанд кој додека трае пандемијата од коронавирусот е активен во јавноста и одговора на прашања на социјалните мрежи.

Тој доби и прашање за Робен.

„Каков играч беше Робен? Фантастичен. Требаше да го доведеме во Манчестер Јунајтед. Мислам дека дојде во тренинг кампот, прошета и не му се допадна мирисот, па отиде во Челзи…Човече, не можев да верувам. Ќе беше одлично засилување за нас“, откри Фердинанд.

Робен за Челзи одигра 106 натпревари од 2004 година година до трансферот во Реал Мадрид. За тој период постигна 19 голови и запиша 22 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти ќе комбинира со составот против Барселона?

Фудбалерите на Реал Мадрид во недела ја пречекуваат Барселона, а Карло Анчелоти размислува…