Дома Фудбал Германија Робен во свој стил, ЛУД гол на Левандовски, „убавец“ на Бартра за утеха – Борусија ПРЕГАЗЕНА!

Робен во свој стил, ЛУД гол на Левандовски, „убавец“ на Бартра за утеха – Борусија ПРЕГАЗЕНА!

roben vs dortmund

Во дербито на колото во германската Бундеслига екипата на Баерн Минхен едноставно ја „потопи“ Борусија Дортмунд со 1:3 на гостински терен.

Баерн започна одлично од самиот старт, а на првиот погодок се чекаше до 17 минута кога Арјен Робен во свој препознатлив стил со удар од работ на шеснаесетникот успеа да го совлада Роман Бурки. Потоа следуваа неколку прилики и пред голот на гостите, сепак погодок немаше.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Казната стигна веќе во 37 минута од средбата и тоа на каков начин. Роберт Левандовски постигнува луд погодок и со пета го лобуваше својот чуварот на мрежата на „милионерите“. Тоа беше и резултатот со кој се замина на полувремето.

bayern borusia

Во вториот дел, Борусија започна многу подобро. Се редеа шанси пред голот на баварците, но недостасуваше реализација. И како што тоа често пати се случува, клуб како Баерн Минхен знаеше тоа го искористи. Давид Алаба имаше намера да го проигра Левандовски во петерецот, полскиот напаѓач не успеа да ја зафати топката, но сепак таа заврши во мрежата, па Баерн поведе со убедливи 0:3.

Одличен погодок во финишот на средбата постигна Марк Бартра кој беше само гол на утеха за „милионерите“. На крајот Борусија Дортмунд – Баерн Минхен, конечни 1:3.

Борусија Дортмунд полека после одличниот старт влегува во лоша серија, а ова за „милионерите“ беше и втор пораз во низа на домашен терен.




Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Алонсо и Леверкузен испишуваат историја – израмнија рекорд стар 60 години!

Баер Леверкузен зад себе има неверојатна сезона во која успеаа да ја прекине 11-годишната …