Дома Македонски спорт Мак ракомет РК Алкалоид во првиот официјален натпревар стигна до убедлива победа

РК Алкалоид во првиот официјален натпревар стигна до убедлива победа

Tимот на Алкалоид убаво ја отвори својата ракометна историја.

Денес тие на стартот од новата сезона го одигра првиот официјален натпревар и во салатас „Борис Трајковски“ го совладаа Металург РА со убедливи 37:18.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Младите ракометари на Алкалоид имаа водство од 8:2, а по првото полувреме веќе водеа со десет разлика 19:9 и уште тогаш можеше да се претпостави во каква насока ќе оди натпреварот. Во второто полувреме примија уште девет гола и ја наполнија мрежата на противникот.

Најефикасен беше Стојков со девет гола, потоа Карафинловски постигна седум, шест Тодески. По четири гола на спротивната страна постигнаа Стојчевски и Прцуловски.

СОСТАВОТ НА РК АЛКАЛОИД

Голмани: Иван Галевски, Ѓорѓи Ерманоски, Валентино Штаковски

Бекови: Мартин Серафимов, Игор Ѓоргиев, Теодор Тодески, Олег Јорданов, Михаил Ивановски, Божидар Илиески

Кружни напаѓачи: Кристијан Симоноски, Марко Стојковиќ, Дамјан Георгиевски

Крила: Дарио Кофилоски, Александар Стојков, Мартин Димовски, Михајло Костовски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

РФМ вети идентични премии за машката и женската репрезентација

На дешената седница на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија се донесе о…