Дома Фудбал Останато Ријека го демантира Ристоски: Тој не сакаше повеќе ниту да тренира

Ријека го демантира Ристоски: Тој не сакаше повеќе ниту да тренира

Продолжува расправата помеѓу Стефан Ристовски и Ријека, откако Ристоски за медиумите изјави дека хрватскиот клуб никогаш не му понудил нов договор, денес управата на Ријека тврди дека нашиот фудбалер, не сакал повеќе ниту да тренира.

За медиумите во Хрватска зборуваше директорот на клубот Сречко Јурчиќ, кој ја демантираше изјавата на Ристоски.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ристоски беше еден од нашите најважни играчи и имавме голема желба да го задржиме во клубот, му понудивме нов договор, но тој заедно со неговиот агент инсистираше трансферот во Спортинг да се заврши што побрзо. Понудата од Португалците пристигна два дена пред реваншот со Салзбург. Тие имаа желба истиот ден тој да пристигне во Португалија, но ние направивме максимален напор тој да го одигра натпреварот против Салзбург. Тоа и се случи, но после натпреварот Ристоски повторно инсистираше на трансфер, додека пак ние сакавме да ги одигра и двата натпревари против Олимпијакос, за што на Спортинг му понудивме и финансиска компезација во висок износ, но тие не сакаа да прифатат во никој случај“.

„Нов договор? Ристоски влезе во срцето на сите во клубот, заедно направивме големи резултати. Се сретнавме со Стефан и неговиот агент им понудивме договор на три години, но тие ни одговорија со зборовите: Не сакаме да преговараме до крајот на преодниот рок. На крајот пристигна понудата од Спортинг, во тој момент сметам дека Ристоски беше изманипулиран од агентите, тие дури и ни испраќаа пораки дека тој не сака повеќе ниту да игра ниту да тренира со нашиот клуб“, изјави Сречко Јуричиќ.

Да потсетиме, на крајот Стефан Ристоски се пресели во Спортинг за сума од 3.5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…