Фантастичниот алжирски фудбалер после четири ипол години го напушти Лестер за 70 милиони евра и премина во редовите на англискиот првак, каде сепак нема место во стартниот состав.
Оваа сезона овој 28-годишен играч беше стартер на само 11 натпревари во дресот на Сити, па веќе почнаа шпекулациите дека само после една година може да ги напушти „граѓаните“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Наводно, торински Јувентус е заинтересиран за неговите услуги. Понудата ќе пристигне на адреса на „граѓаните“, а за играчот е спремен одличен договор.
Јувентус ова лето сака да донесе неколку нови имиња. До сега Марез не се поврзуваше со „бјанконерите“, но секако дека би било одлично да се види во дресот на „старата дама“.
Марез оваа сезона одигра вкупно 42 натпревари во сите натпреварувања. Запиша 11 погодоци и 11 асистенции, но без разлика на тоа Пеп Гвардиола не му дава премногу шанса од првата минута.
На Јувентус пак му е потребен играч за врска и се очекува Старата дама да се засили на таа позиција, особено поради фактот што се очекува Даглас Коста ова лето да го напушти клубот.
Сепак, би било големо изненадување ако Алжирецот само после една сезона го напушти „Етихад“, особено поради фактот што пристигна како големо и скапо засилување.
https://youtu.be/lZlyKkSB4sk