Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Ричарлисон го скрши српскиот бедем

Ричарлисон го скрши српскиот бедем

Репрезентацијата на Србија забележа пораз во првиот натпревар на Мундијалот, Бразил славеше победа со 2:0.

Започна Пикси претпазливо, Србите беа ориентирани на одбрана и стартуваа со само еден напаѓач. Бразил доминираше од почетокот на натпреварот, во текот на 90 минути не упатија ниту еден удар во рамките од голот на Алисон.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во првото полувреме не видовме голови. Вториот дел продолжи со иста слика, Бразил констатно беше на противничката половина, а Србија ретко излегуваше од својата половина.

Победата за Бразил ја обезбеди Ричарлисон со два гола во 62. и 72. минута. Вториот гол беше вистинска мајсторија и сигурно најубавиот гол досега на Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Сега и официјално: Саудиска Арабија ќе биде домаќин на Мундијалот 2034

Она што стана јасно откако Австралија ја повлече кандидатирате за организатор на Светското…