Дома Фудбал Ристовски: Украина игра одличен фудбал, ако сакаме успех мора да одиграме перфектно

Ристовски: Украина игра одличен фудбал, ако сакаме успех мора да одиграме перфектно

Утре македонската фудбалска репрезентација ја очекува натпреварот од третото квалификациско коло за Европското првенство 2024 против Украина, а на денешната прес-конференција покрај селекторот Благоја Милевски присуствуваше и капитенот Стефан Ристовски.

Македонскиот капитен истакна дека ако сакаме успех со Украина мораме да бидеме на највисоко ниво затоа што против нас ќе имаме селекција која игра одличен фудбал.

„Украина е репрезентација која не се смета за фаворит, но играат одличен фудбал. Со нив игравме на Европското првенство и тогаш одигравме две различни полувремиња и направивме грешки кои тие ги казнија. Ако сакаме резултат ќе мораме да одиграме максимално, потребен ни е еден перфектен натпревар“, изјави Ристовски.

Терминот за натпреварот е 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдињо повторно во копачки на 46 години: Го чека место во првиот тим на Равена!

Бразилската легенда е најавена како стартер за дербито со Форли во Серија Ц. Пријателствот…