Дома Македонски спорт Ристовски: Среќен сум што на ваков терен никој не се повреди

Ристовски: Среќен сум што на ваков терен никој не се повреди

Македонската фудбалска репрезентација ремизираше со Финска во вчерашниот натпревар во Скопје, кој беше прв од двете пријателски средби во овој циклус.

Капитенот Стефан Ристовски по натпреварот уште еднаш го истакна лошиот терен на Арената, а за нерешениот резултат смета дека е реален.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Ќе бидам искрен, се појави некој замор и несигурност, а тоа е последица што некои играчи кои порано имале стандардна минутажа, сега ја немаат. Мислам дека нерешениот резултат е реален. Не сакам да барам алиби, но терен е многу тежок за игра. Калта се лепи многу и не ти дозволува да градиш игра.

За жал, кај нас работите наместо да одат напред се враќаат назад. Константно се враќаме на едно исто. Јас сум среќен што на ваков терен немаме ниту еден повреден“, изјави Ристовски.

Следниот пријателски натпревар Македонија го игра в недела од 14:00 часот, противник ќе ни биде селекцијата на Азербејџан.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ФИФА објави: Мундијалот во 2030 во шест земји, Саудиска Арабија ќе биде домаќин во 2034 година

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави каде ќе се одржуваат Светските првенства во …