Капитенот на репрезнтацијата на Македонија, Стефан Ристовски во разговор за хрватските медиуми зборуваше за успехот на Македонија и пласманот во баражот за Мундијалот во Катар.
Ристовски, секако како и целата земја порача дека се надева и верува во пласман на СП.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Се уште сум во кома! Македонија претходно никогаш не била во ситуација да се бори за европски и светски првенства. Обично групите ги завршувавме со 6-7 бодови. Но во последно време работите се променија. Имаме профил на играчи кои сакаат да напредуваат, кои сакаат да прават големи работи. Успеавме да се пласираме на Европското првенство, а еве не сега се бориме и за пласман на Светското првенство во Катар. Многу сум среќен поради тоа. Иамем квалитет и сите сме заслужни за овој успех“.
„Сигурно знаете каква е ситуацијата кај нас. Политиката не уби*а. Народот констатно се дели. Во вакви лоши времиња единствено спортот соединува, посебно фудбалот. Затоа толку се радувам, барем ние сме тука да го развеселиме македонскиот народ. Мислам дека не е претерано ако се каже дека нашата репрезентација го соедини македонскиот народ“.
Во баражот Македонија ја чекаат два натпревари.
„Имаме уште два натпревари…Мислам дека можеме во Катар, сите веруваме. Има проблем што Елмас (поради жолти картони) нема да може да игра, но ќе се врати Адеми кој многу ни значи. Посакувам најпрво сите до баражот да бидеме здрави и сигурно дека после ЕП можеме да одиме и на светско“, порача Ристовски.
За „Спортске Новости“ зборуваше и Арјан Адеми кој поради повреда не можеше да и помогне на Македонија против Ерменија и Исланд. Неговата изјава можете да ја прочитате – тука.
Фото: ФФМ