Дома Македонски спорт Мак фудбал Адеми: Горд сум на Македонија, оптимист сум за баражот

Адеми: Горд сум на Македонија, оптимист сум за баражот

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми поради повреда не можеше да настапи против Исланд, но вели дека од дома им давал поддршка на соиграчите.

„Навивав од дома за Македонија и бев пресреќен и горд што остваривме таков успех“, изјави Адеми.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Македонија за првпат во историјата ќе игра бараж за Мундијалот во Катар, а ни остануваат уште две пречки до обезбедување на виза за Катар.

„Не очекуваат два многу тешки натпревари кои треба да ги поминеме. Не сме фаворити, па ќе мораме да играме на гостински терен во полуфиналето против силен противник. Тешко е, но не е невозможно. Јас сум оптимист, се надевам дека ќе можам да играм во баражот“, вели Адеми.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Повеќе нема дилеми: Познати детали од договорот на Компани и Баерн

Познатиот германски новинар Флоријан Плетенберг на Твитер објави дека Баерн конечно ја зав…