Дома Фудбал Ристовски: Покажавме што значи Динамо. Продолжуваме да молчиме и да работиме

Ристовски: Покажавме што значи Динамо. Продолжуваме да молчиме и да работиме

Динамо победи со 1:0 на гостувањето кај Бетис во првиот натпревар од второто коло на Конференциската лига. Стрелец на победничкиот гол беше Бруно Петковиќ од пенал. Стоперот на Бетис, Чади Ријад играше со рака во сопствениот шеснаесетник, судијата Микола Балакин неколку минути го гледаше видеото и досуди пенал за Динамо. Петковиќ ја избра левата страна и погоди прецизно за 1:0. Реваншот е за една недела на Максимир.

Поранешниот капитен на македонската репрезентација Стефан Ристовски со коментар за победата на Динамо: “Голема победа. Мило ми е што победивме и што покажавме карактер кога беше најтешко. На половина пат сме, мора да играме паметно уште 90 минути. Одигравме добро, Изгледавме солидно, ги прекинувавме контранападите.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Имавме многу шанси, а на крајот погодивме од пенал. Динамо веќе неколку години игра во Европа. Кај нас овие работи многу малку се ценат. Драго ми е што покажавме што значи Динамо во хрватскиот фудбал. Ќе продолжиме да молчиме и да работиме“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Битката за Манчестер: „Граѓаните“ во криза, ѓаволите никако да се разбудат

Денес во фокусот ќе биде големото дерби помеѓу градските ривали од Манчестер. „Граѓаните“ …