Македонскиот репрезнтативец Стефан Ристовски имаше интервју за португалскиот магазин „Журнал Спортинг“.
Во интервјуто помеѓу другото заменик капитенот на Македонија истакна дека наш голем сон е настап на Европското првенство во 2020 година, освен тоа тој испрати и пофалби до младинскиот репрезентативец на Македонија, Димитар Митровски кој настапува за тимот на Спортигн со 23 години.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Македонија никогаш не играла на едно Европско првенство или на некој Мундијал, Лигата на Нации сега ни дава голема шанса. Ние сме мала земја со голем сон и се надевам дека можеме да испишеме историја“.
Ристовски во нашата репрезентација по потреба игра и како крило.
„Да, за Македонија играм на различни позиции затоа што немаме многу играчи понекогаш селекторот знае да ме користи на друга позиција. Ако треба да изберам, мене повеќе ми лежи десната бековска позиција“.
Заменик капитенот на Македонија верува дека Митровски може да заигра за првиот тим на Спортинг.
„Митровски е одличен и ако продолжи да напредува мислам дека може да стигне до првиот тим на Спортинг“, изјави Ристовски во дел од интервјуто.