Македонската репрезентација ги продолжува подготовките за продолжението на натпреварите од групната фаза во Лига на нации.
Нашата најдобра селекција на 9-ти јуни игра против Грузија на Националната арена „Тодор Проески“, а три дена подоцна го пречекуваме составот на Гибралтар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Милан Ристовски вели дека заедништвото и тимскиот дух може да ни донесе победа против Грузија.
„Можеме да победиме против Грузија ако веруваме во себе, во нашиот квалитет, ако веруваме во замислите на селекторот и се разбира, да покажеме желба и борба на мечот во четврток. Знаеме каде се нивните силни страни, но ние сме сконцентирани на нашата игра, тоа е нешто на кое работиме на тренизите. Верувам дека заедништво и тимски дух кое сме го покажале досега, повторно ќе ни донесе успех“, изјави Ристовски.
Фото: ФФМ