Дома Фудбал Ристовски: Верувам во подобра игра од онаа во Ереван и победа

Ристовски: Верувам во подобра игра од онаа во Ереван и победа

Покрај селекторот Игор Ангеловски (неговата изјава можете да ја погледнете тука) денес за медиумите зборуваше и заменик капитенот Стефан Ристовски.

„Имаме густ распоред, но тоа не може да биде алиби. Очекуваме да биде напорно, вирусот ги поремети работите, но мора да се прилагодиме на ситуацијата. Поразот во Ереван не сме го заборавиле. Во тој натпревар кај нсе беше лошо…Верувам дека утре ќе одиграме подобро и ќе победиме“, изјави Ристовски.

Натпреварот против Ерменија се игра утре со почеток од 15:00 часот на Арената „Тодор Проески“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…