Македонската репрезентативка и десното крило на ЖРК Вардар, Сара Ристовска во следните две сезони ќе го носи дресот на словенечкиот првак Крим.
Откако клубот им соопшти на ракометарките дека се слободни на крајот на сезоната и Ристовска е уште една во низата која успеја да ја осигура својата иднина.
„Во следните две сезони ќе настапувам за Крим. Веќе се договорив и договорот е за две сезони“, изјави за „Македонски спорт“, Сара Ристовска.
„Се работи за солидна, млада екипа, чии квалитети одлично ми се познати и мислам дека тоа е средина која би била вистинската за да ја продолжам мојата кариера. Имав понуди и од Будуќност, Турингер…, но се решив за Крим.
Имам и директен лет Скопје – Љубљана што ги прави работите поедноставни“, констатира крилото.
Македонската репрезентативка има настапувано за Металург, а од таму дојде и во редовите на ЖРК Вардар и за неа ова ќе биде прво интернационално искуство- изјави македонски спорт во врска со понатамошната кариера на вардаровото крило

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Кикбоксот има 6 номинации од вкупно 6 категории за индивидуалниот македонски спорт

Оваа година Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија може да се пофали со извонреден успе…