Дома Трансфер зона Римјаните тврдат: Сергеј ова лето бил блиску до трансфер и тоа во клуб од Италија!

Римјаните тврдат: Сергеј ова лето бил блиску до трансфер и тоа во клуб од Италија!

savic

Сергеј Милинковиќ Савиќ неодамна заедно со Чиро Имобиле го продолжи договорот до 2023 година.

Тандемот на Римјаните претставува нешто највредно што клубот од Рим го има во својот состав, а посебно Сергеј беше мета на повеќе европски клубови.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Според информациите на римските медиуми, Сергеј Милинковиќ во текот на летото бил многу блиску до трансфер во редовите на Милан! Целата работа наводно била скоро договорена, но на крајот Лотито се откажал бидејќи не бил сигурен околу банкарските гаранции на „росонерите“.

Имено, Милан нудел 40 милиони евра веднаш, додека уште толку требало да уплати до 2021 година, што на претседателот на Римјаните баш и не му се допаднало, па се откажал од целата зделка.

Сега Србинот е мета на жестоки критики од јавноста во Италија, медиумите беа посебно силни со критиките после натпреварот против Фанкфурт во Лигата на Европа.

https://www.youtube.com/watch?v=H8okcgP4kL8

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Преговорите во застој, Мењан може да го напушти Милан

Преговорите помеѓу Милан и голманот Мајк Мењан за продолжување на договорот се во застој, …