Дома Фудбал Италија Римско дерби: Дали Мурињо полека го губи епитетот „Специјален“?

Римско дерби: Дали Мурињо полека го губи епитетот „Специјален“?

Денес на програмата е големото римско дерби помеѓу Лацио и Рома. За двата тима овој меч е од големо значење и може да биде клучен за понатамошниот дел од сезоната бидејќи двата клуба оваа сезона играат под очекувањата и не се задоволни од резултатите.

Лацио ја победи Рома на последните два меча

Лацио многу лошо ја отвори сезоната и во еден момент беше во долниот дел на табелата, но во последно време игра се подобро и почна да се искачува на табелата, но минатото коло доживеа неочекуван пораз од Болоња. Во моментов е во добра форма и на последните четири меча запиша три победи, па сигурно ќе сака да ја продолжи таа серија. Сепак, впечатокот е дека Лацио нема тим за да игра на два фронта и играњето во Лигата на шампиони ќе го даде својот данок. Заминувањето на Милиликовиќ Савиќ тимот загуби лидер, а не беа донесени адекватни засилувања. Иако Лацио има високи цели оваа сезона, сепак ќе биде тешко да се пласира во Топ 4. Сезоната е сеуште долга, но тимот едноставно мора да продолжи со победите, а победата против градскиот ривал секогаш е специјална. Лацио победи на последните два меча против Рома, па сака да ја продолжи таа серија.

Дали Мурињо го губи епитетот „Специјален“?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рома оваа сезона игра под очекувањата, иако во летниот преоден рок беа доведени големи засилувања. Сите во клубот, а особено навивачите се разочарани од резултатите на тимот, а Мурињо полека почна да ја губи довербата. Рома загуби на сите дерби натпревари оваа сезона и моментално се наоѓа на 7-то место, но со само еден бод повеќе од Лацио. Пораз од градскиот ривал дополнително ќе ја продлабочи кризата и ќе доведе до пад на табелата, па позицијата на Мурињо сериозно ќе се разниша. Португалецот целата сезона има голем проблем со повредени фудбалери, па за овој меч нема да може да смета на Санчез, Кумбула, Смолинг и Пелегрини, додека Спинацола и Залевски се под знак прашалник.

Очекување

Римското дерби е секогаш неизвесно и го одлучуваат мали детали, а домаќинот има мала предност. Двата тима ќе играат претпазливо и ќе сакаат да избегнат пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…