Дома Фудбал Останато Ривер ја доби казната за хаосот кој се случуваше пред „Монументал“

Ривер ја доби казната за хаосот кој се случуваше пред „Монументал“

river

Јужноамериканската федерација КОНМЕБОЛ му ја соопшти на Ривер казната за хаосот кој го направија навивачите на овој клуб на 23-ти ноември.

КОНМЕБОЛ го казни Ривер со 400.000 долари и два натпревари без публика. Клубот во следните седум дена има право на поднесување на жалба за ваквата одлука.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради нередите и нападот кон автобусот на Бока тој натпревар беше одложен за еден ден подоцна, но не се одигра ниту тогаш. Вчера беше донесена одлука реваншот кој ќе даде шампионот на Јужна Америка да се игра на „Сантијаго Бернабеу“ на 9-ти декември.

Градоначалникот на Буенос Аирес кој во тие неколку часа изгледаше како да сте во воена зона за нередите ги обвини хулиганите и мафијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…