Дома Трансфер зона Ривер Плата го обвини Реал дека нечесно му „краде“ играч!

Ривер Плата го обвини Реал дека нечесно му „краде“ играч!

Претседателот на аргентинскиот гигант Ривер Плата, Родолфо Донорфио го обиви Реал Мадрид дека се служел со нечесни методи за да дојде до потписот на младиот талент Езекил Паласиос.

Аргентинските медиуми пред неколку дена потврдија дека Реал Мадрид постигнал договор за трансфер на Паласиос кој ќе изнесува 20 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа, претседателот на Ривер Плата тврди дека клубот не бил информиран дека „кралевите“ преговараат со нивиот фудбалер.

„Прво не сакавме да веруваме дека тие наводи се точни, но очигледно е дека се вистинити, а тоа ни го потврди и агентот. Бевме изненадени, не очекувавме дека така голем клуб како Реал може да се служи со нечесни работи. Тоа е непочитување кон нашиот клуб“, изјави Родолфо Донорфио.

20-годишниот Паласиос важи за еден од најголемите аргентински талент, игра на сите позиции во средниот ред, а за Ривер Плата дебитираше уште на 16 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Од Реал Мадрид заминува фудбалерот со најдолг стаж во клубот

Фудбалерот на Реал Мадрид, Начо Родригез, наводно го известил клубот дека нема да го продо…