Дома Трансфер зона Рибери претставен во Фиренца – откри кој го убедил да ја избере Фиорентина

Рибери претставен во Фиренца – откри кој го убедил да ја избере Фиорентина

Сега е и официјално – Франк Рибери потпиша за Фиорентина!

Фиорентина го доведе најзвучното засилување ова лето, а Калчото доби нова голема ѕвезда. Иако на завршувањето на кариерата Рибери сигурно ќе претставува големо засилување и атракција на терените во Серија А.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рибери се договорил за плата од четири милиони евра по сезона, а со бонусите би можел да достигне и пет милиони евра за договор на две години.

Французинот на претставувањето откри дека Лука Тони бил тој кој го убдил да ја избере Фиорентина.

„Среќен сум. Лука Тони ме убеди да дојдам тука. Ми кажа дека Фиорентина е голем клуб, а Фиренца е многу убав град. Ми се допаѓа се, ми се допаѓа и италијанскиот јазик“, изјави Рибери.

Дефинитивно поради Рибери Фиорентина ќе привлекува повеќе внимание во новата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…