Дома Фудбал Останато Рибери: Нема Октоберфест, но Фиорентина има се што ми е потребно

Рибери: Нема Октоберфест, но Фиорентина има се што ми е потребно

Крилниот играч на Фиорентина Франк Рибери чуствува дека во Фиренца има уште поголема одговорност отколку што тоа било во Баерн Минхен каде што играше претходно.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рибери во Фиорентина пристигна ова лето и на стартот во својот нов клуб игра одлично.

„Во Баерн бев важен дел од екипата. Но, верувам дека во Фиорентина мојата одговорност е поголема. Овде имаме помлад тим, а јас со своето искуство можам да помогнам“, истакна Рибери и додаде:

„Секако дека очекувањата се големи. Поради мојата кариера во Баерн и моето име, но јас го сакам тој притисок и ми е потрбен. Сакам да постигнам нешто тука поради клубот и навивачите“, порача Французинот.

Францускиот играч за врска минатото лето одлучи по завршувањето на ангажманот во Баерн да се придружи на Фиорентина иако имаше понуди од клубови надвор од Европа.

„Никогаш нема да го заборавам моментот кога прв пат се прошетав на стадионот. Веднаш почуствував дека луѓето ме сакаат. Фиорентина ни дава се што е потребно за моесто семејство, иако нема Октоберфест“, заклучи со шеговит тон Рибери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан го објави новиот напаѓач, кој доаѓа од ПСЖ за рекордна сума

Од Милан официјално го објавија ангажманот на напаѓачот Гонсало Рамош, кој пристигнува со …