Генералниот менаџер на Баерн Минхен, Ули Хенес потврди дека искусниот Франк Рибери ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.
Овој 36 годишен фудбалер во Баерн пристигна уште во 2007 година, а во текот на 12 години во дресот на Баерн освои дури 21 трофеј.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Многу се шпекулираше за тоа дека Рибери уште оваа сезона ќе биде во некој друг клуб, но пред крајот на минатата сезона го продолжи договорот на уште една година, како и Робен кој исто така заминува во јануари.
Крајот во Баерн за Рибери нема да биде и крај на кариерата, а Французинот веќе има неколку понуди.
Рибери пред себе наводно има понуди од Галатасарај каде што настапуваше половина година, Ал Итихад, како и од клубови од Кина и МЛС.
https://www.youtube.com/watch?v=mp1sHcUC7sQ