Вчера, Фиорентина ја продолжи низата со лоши резултати во Серија А.
Фиорентина беше поразена на домашен терен од Лече со 1:0, а ова беше трет пораз во низа за оваа екипа, која сега е многу поблиску до дното на табелата и се наоѓа на 13. место со 16 бода.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Покрај новиот пораз, Фиорентина доби уште лоши вести. Поточно, Френк Рибери се повреди на натпреварот против Лече.
Французинот вчера изврши и детални прегледи, по што беше потврдено дека заработил повреда на лигаментот на зглобот и затоа може да биде надвор од терените неколку недели.
Рибери ова лето пристигна во Фиорентина како слободен играч откако му истече договорот со Баерн за кој настапуваше од 2007. година.
[#SerieA??] OFFICIEL !
— Footballogue⭐️⭐️ (@Footballogue) December 1, 2019
Frank Ribéry?? (Fiorentina) souffre d'une lésion à la cheville droite. L'attaquant français devrait être absent plusieurs semaines. ? pic.twitter.com/YKrPyN7dbr