Перуанскиот напаѓач Пабло Гуереро се уште чека на милост од ФИФА за да заигра на Мундијалот во Русија.
ФИФА го суспендираше Гуереро откако играчот падна на допинг дест – беше позитивен на кокаин. Тогаш ФИФА му додели суспензија од една година, но после жалбата неговата казна беше преполовена и изгледаше дека тој ќе настапи на Мундијалот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, ФИФА повторно го шокираше фудбалскиот свет со објавата дека Гуереро нема право за настап и дека селекторот на Перу не може да смета на него. Но, Здружението на професионални фудбалери (ФИФПро), денес објави дека противниците на Перу на СП бараат тој да игра на Мундијалот.
Имено, ФИФПро вчера објави дека капитените на Франција, Данска и Австралија, ја поддржаа иницијативата и побараа од ФИФА Гуереро да игра во Русија. Така Уго Лорис, Симон Кјаер и Миле Јединак го потпишаа писмото со поддршка за Перо кое беше испратено на адреса на ФИФА.
LATEST: National team captains of France, Denmark and Australia have today joined @FIFPro in asking @FIFAcom to let Paolo Guerrero play in the @FIFAWorldCup. An official letter signed by Hugo #Lloris, @simonkjaer1989 and Mile #Jedinak has been sent to @FIFAcom. #Solidarity pic.twitter.com/4fGZLSgA2a
— FIFPro (@FIFPro) May 21, 2018